Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
Дејан Митровски – Урко повторно е избран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, откако ги доби мнозинството гласови на вчерашното Изборно Собрание на КМФМ кое се одржа во Скопје.
Делегатите на Собранието на КМФМ избираа меѓу досегашниот прв човек Дејан Митровски – Урко и поранешениот истакнат македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев, при што на крајот мнозинството гласови повторно одлучи довербата да ја даде на Дејан Митровски кој успешно изминативе години ја водеше една од најуспешните домашни спортски федерации.
„Задоволство ми е што продолжуваме на патот кој го започнавме изминативе години. Успеавме максимално да ја заживееме федерацијата која оваа година има и шест номинации во изборот за најдобар спортист на Македонија. Сето тоа укажува дека добро работиме, па продолжуваме во ист стил за развој на нашиот спорт“ – истакна Митровски по реизборот за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија.
Ние ќе потсетиме на номинациите на за „Спортист на годната 2024“:
1 – Спортист на годината – Бобан Илиоски, 1-во место во категорија -86 кг на ЕП во кик бокс маитаи, одржано во Атина, Грција;
2 – Спортистка на годината – Леа Бошевска, кик бокс маитаи, 5-то место во категорија -50 кг на ЕП во Атина, Грција;
3 – Млад спортист на годината – Силвио Мировски – кик бокс маитаи, 1-во место во категорија 71кг на СП во Будимпешта, Унгарија;
4 – Млада спортистка на годината – Марија Димовска-кик бокс маитаи, 1-во место на СП во Будимпешта, Унгарија;
5 – Најуспешен тренер/селектор – Дејан Митровски-кик бокс и маитаи
6 – Најуспешна национална спортска федерација – Кик бокс маитаи федерација на Македонија.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода