Преглед на вестите од светот
Бомба прикачена на електричен скутер го уби генералот Игор Кирилов, прв човек на радиолошката и биохемиската служба на руската армија. Скутерот бил паркиран пред влез на станбеа зграда во Моксва а бомбата експлодирала додека Генралот Кирлов и неговиот помишник изглегувале од зградата. Експлозијата фатална и за помошникот на Кирилов. . Според Руските истражители, бомбаата содржела околу 300 грама ТНТ, а била активирана со далечниски управувач.
Главниот истражен оддел на Истражниот комитет на Русија за Москва ја истражува смртта на двајцата службеници . Инцидентот е оквалификуван како убиство, терористички чин, незаконски промет на оружје и муниција изјави Светлана Петренко, претсавник на рускиот истражен комитет.
Вчера украинската служба за државна безбедност го обвини Кирилов за употреба на забрането хемиско орујже во војната против Украина. Претходно беше под санкции од Велика Бритаија, Канада и Нов Зеланд поради неговата улога во Украина. Според украинската служба за дрќавна безбедност, од почетокот на војната Русија употребила хемиско оружје повеќе од 4.800 пати, поради што биле хоспитализирани над 2.000 украински војници, а тројца и починале. Извор на новинската агенција Ројтерс во Украинската служба за државна безбедност вели дека Украина го извршила атенатот врз Кирилов. Бил легитмна цел. Заменикот генерален секретар на рускиот совет за безбедност, Дмитар Медведев изјави дека воено-политичкото раководство на Украина го чека одмазда. Борбите во Украина и во рускиот регион Курск продолжуваат. Киев тврди дека најмалку 30 севернокорејски војници кои русија ги распореди во Курск се убиени од украинските трупи Москва пак објави дека руските војници се на помалку од 3 километри од центарот Градот Курахов, кој се наоѓа во регионот Доњецк.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека Зелеенски и Путин треба да се подготват за склучување на мировен договор, откако на 20 јануари ке ја преземе функцијата од Бајден.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар