Влада: Осум странски инвестиции, се работи посветено на економскиот напредок на државата и отворање нови работни места
Официјално започна изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“. во ТИРЗ Кичево. Ова е осма странска инвестиција за само шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што соопштија денеска од владината прес-служба, инвестицијата е во вредност од 40 милиони евра, која ќе отвори дури 600 нови работни места и истата ќе се одвива во повеќе инвестициски фази.
- Имајќи предвид дека изминатите шест месеци се реализираа 7 нови странски инвестиции на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци, е во вредност од 500 милиони долари и 630 нови вработувања, инвестицијата на „Епсотех“ за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања, инвестицијата за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања, инвестиција за производство на литиум јонски батерии на германската компанија „BMZ Group“ во вредност од 65 милиони евра и нови 700 вработувања, инвестиција на „Брејнчајд“ во вредност од 8,5 милиони евра и вработување на околу 200 лица, инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања, како и инвестицијата на „АД БАУ Интернационал“ во вредност 7 милиони евра и отвора 200 нови вработувања, и инвестицијата на „Avesta Battery and Energy Engineering“ во вредност од 40 милиони евра и 600 нови вработувања е осмата странска директна инвестиција, со што бројот на ново отворени работни места се зголеми за скоро 2800, се појаснува во соопштението.
Овие инвестиции, се подвлекува, директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст на Македонија, како и поттикнување на локалниот економски развој.
- Градиме политика која значи подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ја трансформираме Македонија напред и создаваме подобра иднина и надеж за сите граѓани. Посветено работиме на економскиот напредок на државата и отворање на нови работни места, се наведува во соопштението.
Владата, продолжува да работи на реализација на проектите и исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните, се со цел, соопштија од владината прес-служба, годината да ја завршиме со над 1 милијарда евра странски директни инвестиции.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен