ЈОРСМ: Преземени сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во „Таргет-Тврдина“
Постапувајќи по предметот оформен по назначувањето на две лица на т.н. „црна листа“ на САД, Основното јавно обвинителство Скопје информира дека се преземени дејствија во рамките на кои истражител од Истражниот центар на обвинителството ги побарал и презел од Судскиот совет сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во предметот познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“.
Од ЈОРСМ посочуваат дека се преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на брифинг со медиумите завчера, информираше дека оформил предмет за обезбедување докази за евентуална кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД.
- Со оглед на сериозноста на наводите поради кои наведените лица беа назначени на листата, ги искористив своите овластувања и уште вчера оформив предмет со цел да се обидеме да обезбедиме докази со кои ќе ја провериме евентуалната кривична одговорност на лицата кои се доведуваат во врска со дејства на поткуп и трговија со влијание, истакна Коцевски на брифинг со новинарите.
Американскиот Стејт департментот во понеделникот ги стави на „црна листа" поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети.
Вчера, Јавното обвинителство потврди дека полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје влегле во Судскиот совет за да ги обезбедат записниците и во врска со сомнежите за евентуално сторено кривично дело поврзано со мандатот на претседателката на Судски совет, Весна Дамева, која поднесе оставка на 2 декември.
Ново на Сител
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче - Долно Лисиче и првиот мост во Батинци
-
Советот на јавни обвинители треба да го разгледа предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Бела куќа: Трамп е разочаран и од Путин и од Зеленски
-
Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“
-
Со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Повеќе од 20 лица загинаа во експлозија и пожар во магацин за огномет во Индија
-
Апелациониот суд Скопје ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“
-
Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада