Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023
Во 2023 година, општините и Град Скопје потрошиле 67.269.053 денари (1,1 милион евра) за адвокатски услуги, додека, министерствата исплатиле 62.428.934 денари (1 милион евра), покажува истражувањето за исплатите за адвокатски услуги од буџетите на општините и министерствата што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации.
Според истражувањето, општините користат различни критериуми за избор на адвокати, вклучувајќи углед, искуство, достапност и препораки.
Истражувањето, исто така, покажа дека 72 од 81 општина ангажирале адвокати, а една четвртина од нив исплаќаат месечен паушал.
Од општините, Град Скопје и Гази Баба предничат во исплатените суми за адвокати, додека кај министерствата тоа се Министерство за финансии (за функции на државата), потоа правда и труд.
Најмногу пари му се исплатени на адвокат Влатко Ристовски, кому Општина Гази Баба му исплатила над 6 милиони денари во 2023 година.
Според истражувањето, општините и министерствата немаат пишани внатрешни правила за ангажирање адвокати, а набавката на адвокатски услуги е исклучена од Законот за јавни набавки.
Ново на Сител
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета
-
Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје
-
Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања
-
Парламентот на Грузија забрани маски и пиротехнички средства за време на протести
-
Руанда сака да биде домаќин на трка во Ф1
-
Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти