Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел
Македонија ќе продолжи со безрезервната поддршката кон Украина, мир мора да има но не по секоја цена, треба да се најде соодветно решение за крај на војната во Украина, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, пред почетокот на министерскиот состанок на НАТО во Брисел.
Фокусот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, меѓу кои и министерот Муцунски ќе биде Украина и одбраната од руската инвазија. Муцунски кажа дека ќе се дискутираат заедничките предизвици на земјите од Алијансата и предзивиците кои ги донесе руската инвазија.
Генералниот секретар Марк Руте пак, пред почетокот на министерскиот состанок посочи дека одвојувањето за трошоци за одбраната од 2% од националните БДП не е доволно и земјите членки на НАТО ќе мора да издвојуваат повеќе средства за зајакнување на своите одбранбени капацитети.
Американскиот државен секретар Блинкен, увери дека Алијансата во моментов е единствената гаранција за спречување на војна, затоа е и помоќна од кога било.
Министерскиот состанок на НАТО продолжува и утре каде ќе се дискутира за зајакнување на одбраната, зголемување на безбедносната критична инфраструктура и непријателските активности на Русија во земјите на Алијансата.
Од вчера и официјално и започна мандатот на поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска како заменик генерален секретар на НАТО.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар