Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село
Со цел да обезбеди подобра иднина за децата без родители и родителска грижа, но и да ги поттикне граѓаните индивидуално да донираат во рамки на своите можности, Веро во празничниот месец декември повторно ја организира традиционалната донаторска кампања „Заокружи сметка“. Собраните средства од оваа кампања, како и во годините претходно, се наменети за дополнителна финансиска поддршка на децата од СОС Детско село.
Во оваа донаторска кампања може да се вклучи секој потрошувач кој пазарува во Веро маркетите до крајот на месецов, односно до 31 декември. При плаќањето на каса, потрошувачите можат да ја „заокружат“ сметката со дополнителен износ по свој избор и според своите можности и на тој начин таа дополнителна сума да ја донираат за децата од СОС Детско село. Со донацијата овозможуваат секое дете да има весели празници, но и помагаат за посветла иднина на децата без родители и родителска грижа.
-Ние во Веро веруваме во моќта на давањето и силата на заедницата. Затоа со гордост ја продолжуваме традицијата на партнерство со СОС Детско село за заеднички со потрошувачите да му помогнеме на секое дете да ја доживее магијата на празниците. Индивидуалната филантропија создава значајни промени во општеството, без оглед дали тоа е мал знак на внимание или позначаен придонес. Секоја донација е важна и директно создава среќни спомени на децата на кои им е најпотребна. Многу сме среќни што успеваме дарежливоста да ја направиме заедничка традиција со нашите потрошувачи и заедно да донесеме насмевки на детските лица – вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.
Потрошувачите веќе ги заокружуваат своите сметки во Веро и со тоа активно се вклучуваат во донаторската кампања. Како што истакнуваат од Веро, оваа традиционална хуманитарна акција која го поттикнува индивидуалното донаторство е уште еден доказ дека индивидуата има голема моќ и можност да дејствува и прави промени во различни области од општественото живеење, особено кога станува збор за најранливите групи во заедницата.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025
-
Трамп не го покани Путин на неговата инаугурација во јануари, изјави портпаролот на Кремљ
-
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско
-
Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023
-
Нѐ чека уште едно пеколно лето, научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде една од најтоплите во историјата
-
Во „голф“ превезувал 8 мигранти, уапсен 28 годишен Турчин
-
Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, се враќа на почеток