Македонија
30. November 2024 - 16:37

17 уапсени за инцидентите

17 вкупно уапсени за инцидентите за денот на албанското знаме, од вчера осум денеска има девет нови. Дел од нив се уапсени дека го палеле и кинеле македонското знаме, дел од уапсените за палење на албанско знаме, додека еден е уапсен за свквернавење на српското знаме. Најголемиот дел од нив се малолетници.

Ќе биде санкциониран и полицискиот службеник кој качен на полициско возило дури бил на службена должност симнува од јарбол албанско знаме. Нема да поминат неказнети ни оние кои паѓаа од возилата за денот на прославата, ниту пак за оние кои управуваа возила спротивно на закон, најави Тошковски.

Од АНБ претходно писмено добиле информации дека не би требало да има инциденти за денот на одбележување на албанското знаме, но тоа било од претходната структура на Агенцијата за национална безбедност. Но сепак изминатиов период, министерот Тошковски вели дека биле предупредени од новата структура на АНБ и од структури на МВР за можни инциденти.

Синоќа од осумте уапсени, на тројца им беше определен осумдневен притвор. МВР работи сеуште на идентификување на лицата кои учествувале во инцидентите и можни се дополнителни апсења.