-->
-->
Нејзиниот роденден чинеше 6 милиони долари: Поради Маја (15) беше блокиран целиот град!
-->

Петнаесетгодишната тинејџерка Маја Хенри, добила роденденска забава од соништата, на која присуствувале 600 гости и чинела шест милиони долари.
На журката гостите ги забавувале Питбул и Ник Џонас, а за изгледот на славеничката се погрижил Патрик Та кој работеше со семесјтвото Кардашијан, додека фустанот и го сошил познатито Роналдо Сантана. Сето тоа објективно го забележала Дона Њуман, фотограф кој работи за Мет Дејмон и Мишел Обама.

Инаку, сето ова било организирано на плоштадот во Сан Антонио, кој за оваа прилика бил специјално украсен.
Татко и на Маја, Томас Хенри и мајка и Азтека, за оваа прилика ангажирале професионална агенција од Њујорк и тим од 150 планери за подобро да се организира забавата.

Се минало во најдобар ред, а девојката својата радост гордо ја покажувала.
-Тоа беше неверојатна ноќ која никогаш нема да ја заборавам. Благодарна сум им на сите кои присуствуваа, но и на моите родители кои се погрижија за овааневеројатна ноќ, - изјавила славеничката.

Според луѓето кои биле на забавата, Маја и семесјството дошле со девет „Ролс Ројс“ автомобили под полициска придружба.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Ништо за Украина без Украина
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија