Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија
Десетина војници на НАТО, вклучително и најмалку осум британски војници, беа повредени минатата недела во верижна сообраќајка по учеството на вежба на НАТО во Естонија, соопштија синоќа локалните власти.
Војниците се враќале во нивната база во Тапа во време на снежна бура кога нивните комбиња учествувале во голем верижен судир што се случил по сообраќајка на два автомобила на автопатот Талин-Нарва.
Седумнаесет лица, меѓу кои 12 војници, се повредени и пренесени во болница по несреќата, соопшти полицијата.
Осум британски војници се пренесени во Британија на понатамошно лекување, изјави портпаролот на Министерството за одбрана. Тројца остануваат во болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем.
Британските војници се распоредени во Естонија како дел од операцијата Кабрит, како дел од зголеменото воено присуство на источното крило на НАТО, по почетокот на руската инвазија на Украина.
Ново на Сител
-
Голтнал ќесичка кокаин при претрес, 32-годишен Охриѓанец инто пренесен во болница
-
Градоначалникот на Кавадарци пријавил закани од сограѓанин
-
Кривична пријава против вработен во СВР Битола за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“
-
Во тек е куса пауза на руско-американските преговори во Ријад, информира Захарова
-
Четири лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Скопје - Куманово
-
Уапсена 37-годишна гостиварчанка, се обидела да помине граница со возило барано од Интерпол
-
Дмитриев: Можен напредок во руско-американските економски односи во наредните месеци
-
Германија ја оцени ситуацијата во Србија како „загрижувачка“, Белград ги отфрла обвинувањата