-->
-->
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-->

Манчестер сити е во преговори за продолжување на договорот со напаѓачот Ерлинг Халанд.
Според „Мирор“ раководството на Манчестер сити е подготвено да му понудат на 24-годишниот фудбалер двегодишен договор со плата од 500 илјади фунти неделно. Доколку Норвежанецот се согласи да го потпише договорот, тој ќе стане најплатениот фудбалер во Премиер лигата, пред соиграчот Кевин Де Брујне, кој моментално заработува 400.000 фунти неделно.
Се истакнува дека „Граѓаните“ се многу уверени дека Халанд ќе потпише нов договор со клубот.
Норвешкиот фудбалер игра за англискиот тим од 2022 година. Вкупно одигра 114 натпревари на кои постигна 105 голови и 14 асистенции. Неговиот договор со Манчестер сити е до јуни 2027 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
