Преглед на вестите од светот
Апсолутна победа на Републиканската партијата на минатонеделните избори во САД. Доналд Трамп се врати во Белата куќа, го задржа мнозинството во Претсавничкиот дом и го освои мнозинството во Сенатот, кое досега го имаше Демократската партија. Ваквиот исход на изборите ќе му овозможи на Трамп без поголеми проблеми да ги изгласа сите клучни делови од својата законодавна програма, што Џо Бајден често не можеше да го направи, поради фактот што републиканците го контролираа Претставничкиот дом. Трамп синока имаше средба со републиканците од Претсавичкиот дом.
Ова е многу убаво дружење. Зарем не е убаво да се победи? Убаво е да се победи. Секогаш е убаво да се победи. Многу добри пријатели во оваа соба, истакна Доналд Трамп.
Трамп продолжува со изборот на функционери кои ќе ги преземат клучните улоги во неговата нова администрација. На местото на ентони блинкен, за нов државен секретар на САД е номиниран сенаторот од Флорида Марко Рубио, додека Тулси Габард, поранешен демоктрат за директорка на Националната служба за разузнавање. Конгресменот Мет Гаец е именуван за јавен обвинител, односно Министер за правда. Гаец е еден од најконтроверзните избраници на Трамп, тој беше под истрага за сексуална трговија со деца, но никогаш не беше кривично гонет за тоа.
Израелските сили продолжуваат со интензивните воздушни напади врз предградијата на Бејрут контролирани од либанската милитанта група Хезболах. Министерот за одбрана на Израел изјави дека ќе продолжат да го напаѓаат Хезболах со полна сила додека не се постигнат целите на војната во Либан.
„И нема да прифатиме никаков договор, кој не вклучува постигнување на целите на војната, разоружување на Хезболах, повлекување назад зад реката Литани и главно создавање вистински услови за жителите на северот безбедно да се вратат во своите домови, изјави Израел Кац, министер за одбрана на Израел.
Делови од шпанската провинција Малага се попллавени по синокешниот пороен дожд. Во поплавите нема загинати, соопштија тамошните власти. Евакуирани се четири илајди луѓе а училиштата се затворени. Супсендирана е брзата железницата помеѓу Малага и Мадрид. Инаку во шпанскиот регион Валенсија се уште се работи на санирање на штетите по поплавите на крајот на октомври во кои загинаа над 200 луѓе.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар