Стипендии за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарен кадар во културата
Министерството за култура додели 32 стипендии за 2016 година од Конкурсот за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарен кадар во дејностите од областа на културата.
Најголем број од нив се за едукација во музичко-сценската дејност (16), 11 се за усовршување во областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн, четири стипендии од областа на заштитата на културното наследство и една за филмска дејност.
На прес-конференција денеска беа претставени седум од уметниците кои со финансиска поддршка преку Конкурсот на Министерството за култура ќе се школуваат на редовни, постдипломски, докторски студии и специјализации на високообразовни институции во странство кои нудат студиски програми кои ги нема во нашиот образовен систем.
Кандидатите од годинашниот конкурс стручно ќе се надоградуваат на ниверзитетски центри во Австрија, Италија, Велика Британија, САД, Бугарија, Србија, Чешка, Грција, Словенија и Хрватска.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека овој конкурс, како и другите стимулативни мерки на Министерството, покажува одговорен однос на државата кон уметниците и културата.
- Министерството за култура својата поддршка ја обезбедува во текот на целокупниот процес на студирање на овие млади уметници, односно доколку некој од стипендистите е поддржан првата година од студирањето, поддршката не изостанува и во наредните години од неговото студирање. Тие ќе имаат можност својата професионална наобразба да ја имплементираат во развојот и унапредувањето на културата во Република Македонија, рече Канческа-Милевска.
Посочи дека од 2008 година Министерството за култура секоја година обезбедува околу 50 стипендии и дека до минатата година финансиски е поддржана едукацијата на приближно 360 лица.
- Дел од нив денеска се мошне активни како самостојни уметници кои успешно ја промовираат и афирмираат македонската култура во земјата и странство, а дел од нив стекнатите искуства ги имплементираат како вработени во установите од областа на културата и на тој начин придонесуваат кон развојот и унапредувањето на културата во Република Македонија, додаде Канческа-Милевска.
Корисниците на стипендија кои беа на прес-конференцијата ја поздравија оваа мерка која, според нив, ќе им овозможи да стекнат знаења од престижни високообразовни установи кои потоа ќе ги применат во својата работа и со тоа ќе придонесат за унапредување на нивните професии во Македонија.
Ново на Сител
-
Препораки од ИЈЗ за граѓаните за најавениот прекин на вода во Скопје
-
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул
-
Мицкоски: Aко билатералните разговори се однесуваат на идентитетски прашања процесот не може да заврши успешно
-
Најмалку две лица повредени во ракетни удари врз Киев
-
Стејт департмент: Американски претставници пристигнаа во Сирија за да разговараат директно со новите власти
-
Италијанскиот суд ќе донесе пресуда против вицепремиерот Салвини за блокирање брод со мигранти во 2019 година
-
Седници на две собраниски комисии
-
Претпладне магла по котлините, попладне и во текот на ноќта дожд, а на планините снег