Македонија
12. November 2024 - 16:43

Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг

Кривичната и оддалечувањето од работното место не се заради наводен мобинг, тврди вишиот обвинител Хајрулахи.. Денеска пред зградата која ја делат републичкото и вишото обвинителство рече дека трпи брутален притисок од државниот обвинител Љупчо Коцевски.. Причина според Хајрулахи е предметот за бонусите кои ги добиваа обвинителите во поранешното СЈО.. Смета дека целта на одлуката за негово остранување е да се заплашат и другите обвинители за да донесуваат нарачани одлуки..   

„Државниот конкрено ми кажа шо треба да правма со предмеитте, не ми даде простор да се објаснуваме и да кажеме дали ќе има реферирање пошто искрнео и јас не ја знам конкретнаа содржиан на премдеото. Дека треба да се потврди првостепената одлука  и дека не треба политичката партија, односно подносителот на криивчната пријава да има својство на оштетен “   

Во меѓувреме во Вишото обвинителство по предлог на државниот обвинител направен е надзор заради обвинувања дека Хајрулахи вршел притисоци врз останатите обвинители како да постапуваат со предметите.. Им се заканувал со откази, а една вработена добила закана дека ќе биде флена преку прозор.. Хајручахи пак вели имал признанија од колегите дека го пријавиле под притисок..

„Кажете ми дали може да се создаде слика за една институција со четворица вработени за кои тврдам дека дојдоа истите кај мене и кажаа, обвинители ние сме инструирани, ние сме излажани и сето ова се прави тенденциозно пошто така ни е кажано дека преку ова ќе ве разрешат вас и ќе дојде на вашето место обвинителката која има претензии“

 Од кабинетот на државниот обвинител негираа дека причина за оддалечувањето на Хајрулахи е предметот со бонусите за специјалните обвинители.. Папката со документи била во рацете на друг обвинител и тој ќе постапел соглсано законот.. Извештајот од надзорот во обвинителстовото со кое раководи хајрулахи, наскоро ќе бил објавен..

„Против јавниот обвинител Хајрулахи, кој воопшто не е надлежен јавен обвинител во предметот за бонусите во СЈО, се води истрага за конкретни кривични дела. Одлуката за негово оддалечување е донесена бидејќи доколку тој продолжи да ја извршува функцијата, тоа штетно ќе се одрази на раководењето и постапувањето по предметите на Вишото јавно обвинителство Скопје“ 

Предметот за бонусите на СЈО беше формиран по кривична поднесена од сега владејачката партија.. Обвинителството за гонење криминал и корупција неодамна одлучи дека специјалните обвинители не треба кривично да одговараат за бонусите од илјадници евра.. ВМРО-ДПМНЕ поднесе жалба до Вишото обвинителство, по што почнаа меѓусебните обвинувања на релација Хајрулахи – Коцев.