Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје, организираше свеченост за доделување на наградите „13 Ноември” на спортисти, тренери, спортски работници и организации, кои изминатата година постигнаа одлични резултати и придонесоа за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории.
На свеченоста што се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански” беа доделени 10 награди на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот. Оваа награда претставува признание за исклучителните придонеси на добитниците во спортската област, со што тие оставија трајна трага во развојот на спортот и во промоцијата на спортските вредности во нашата заедница.
Наградата „13 Ноември” – Спортист беше доделена на еден од најуспешните македонски атлетичари Дарио Ивановски, кој минатата година настапи на маратонот на Олимписките игри во Париз 2024 и стана стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка. Ивановски продолжи да постигнува одлични резултати и во 2024 година, остварувајќи неколку лични рекорди, а го освои и третото место на маратонската трка на годинашниот Виз Ер Скопски маратон.
Наградата Тренер ја доби Игор Јакимовски, тренер на атлетичарот Дарио Ивановски, кој е еден од најзаслужните за резултатите на Дарио.
Наградите за животно дело им припаднаа на Владимир Радиќ, поранешен ракометен тренер, кој беше и на кормилото на некогашниот женски европски шампион Кометал Ѓорче Петров, Ѓоко Хаџиевски, македонска фудбалска легенда и некогашен селектор на фудбалската репрезентација на Македонија и Ѓорѓи Чадиковски, атлетски тренер.
Останатите добитници на наградата „13 Ноември” за 2024 година се Марјан Угриновски – Професор во Основното училиште „Јан Амос Коменски”, Мирјана Крстевска – Професор во СУГС „Димитар Влахов”, Филип Поповски – Фудбал, спортски работник и Влатко Неделковски – Декан на Факултет за физичка култура, спорт и здравје, спортски работник.
Наградата „13 Ноември” му припадна и на Спортското радио 90.3, за посебен придонес за промоција и развој на спортот во нашата држава.
Наградите „13 Ноември” се доделуваат уште од 1970 година, по повод ослободување на градот Скопје. Наградата се доделува за особени заслуги во развој и унапредување на спортот како и за врвни спортски достигнувања на заслужен спортист, тренер, професори по спорт, спортски новинари, спортски работници и награди за животно дело во областа на спортот.
Ново на Сител
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи
-
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад
-
Силувано 12 годишно девојче во валандовско
-
Украл пари и други производи од продажен објект - гостиварчанец приведен за тешка кражба