Македонија
9. November 2024 - 16:35

Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос

Останува оптимизот во Владата за деблокада на процесот на евроинтеграција и покрај изјавата на номинираната еврокомесарка за проширување Марта Кос дека од Македонија се очекува да ги донесе уставните измени, ништо помалку ништо повеќе.

 „Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине „хирингот“ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија. Мислам дека низ таа оптика таа ги гледаше тие пораки и јас низ таа оптика ги гледам тие пораки. Убеден сум дека во периодот што следи, низ заеднички рагзовори, конечно, по 2,5 децении патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ ќе биде широко отворен и ќе се вреднува врз основа на постигнувањата и компетенциите, а не поради билатералните прашања“

Мицкоски еу оптимизмот го темели и врз основа на сите средби што ги имал со државници од други држави, но и по скроешната средбата со Макрон во Будимпешта.

 „Мислам дека е покорисно да се објавуваат вистински, суштински средби во кои има суштински дијалог. Таква беше средбата со францускиот претседал. Покрај прашањата поврзани со ЕУ интеграцијата на нашата земја, зборувавме и за соработката во економијата… Кога би заокружил се за помалку од пет месеци, можам да им порачам на граѓаните дека мора да не бидие и ќе не биде“

Токму под покровителство на францускиот претседател Македонија ја прифати преговарачката рамка со уставните измени поврзани со барањата на Бугарија. Макрон по победата на Трамп пак, најави дека ЕУ мора да се реформира по ваквите случувања на светската политичка сцена, без да прецизира што тоа ќе значи за проширувањето.

Ставот на Мицкоски и на владејачката коалицијата пак, е дека уставните измени да важат со одложено дејство до ратификација на протоколот за членство на Македонија од Бугарија како гаранција дека Софија нема да испорачува нови барања во процесот на преговори.

Премиерот со став за инсистирањето на ДУИ за предвремени избори.

Мислат дека со предвремени избори ќе ги решат проблемите. Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото

Претходно неделава Мицкоски, иако самиот ги понуди изборите како одговор на Филипче да се повлече од премиерскиот мандат, рече дека тие би биле само дополнителен трошок за државата без да се промени резултатот.