Преглед на вестите од светот
ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина во војната со Русија истакна високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел за време на посетата на Киев. Во објава на социјалната мрежа ИКС Борел нашиша дека ова е неговата петта посета на Киев од почетокот на војнаат помеѓу Русија и Украина и последна како шеф на европската дипломатија. Мандатот на Борел завршува во декември. Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, ги загрижува и Украина и Европа кои стравуваат дека Трамп може да ја прекине поддршката на Вашингтон за Киев во тековната војна. За време на изборната кампања Трамп го доведе во прашање продолжувањето на големата американска воена и финансиска помош за Украина и рече дека може брзо да постигне договор за ставање крај на војната. Инаку рано утрово, руската армија со дронови ја нападна Одеса. Тамошните власти соопштија дека во нападот загинало едно лица а 13 се повредени а биле погодени станбени згради, приватни куќи и автомобили.
-Имаше многу силна експлозија. Сите врескаа...децата. Беше ужасно, изајви локален жител.
Руската армија вели дека не напаѓа цивили.
Најмалку 25 лица загинаа а над 50 се повредени во експлозија на бомба на железничката станица во пакистанскиот град Квета. Експлозијата се случила утрово . Цел на нападот биле ученици и војници од локалната пешадиска школа кои биле на станицата и го чекале возот да отпатуваат до градот Равалпинди. . Локалните власти соопштија дека 14 од жртвите се воени лица. Одговорноста за нападот ја презеде Ослободителната војска на Белуџистан, милитантна група која редовна напаѓа пакистански полицајци и војници.
САД побараа Катар да ги избрка претставниците на Хамас и да ја затвори нивната политичка кацеларија бидејќи го отфрлиле последнииот предлог за примирје во Газа и договор за заложниците. Групата има политичка канцеларија во Доха од 2012 година. Ако Хамас биде избркан од Катар, нејасно е каде би можел да ја префрли својата политичка база, но како главни опции се издвојуваат Иран и Турција. Во средината на октомври, Хамас го одби американскиот предлог за краткотрајно примирје, барајќи целосен крај на војната и повлекување на израелските сили од Газа.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар