-->
-->
Возач му пресуди на патник: Кавга во градскиот превоз заврши со убиство!
-->
Борис Борисов (58), возач на градски автобус во рускиот град Мортку, го убил патникот Алексеј Орлов (38) поради караница околу отворањето на задната врата.
Убиството во сибирскиот град било откриено кога сопругата на Алексеј Орлов пријавила во полиција дека нејзиниот маж отишол на работа и не се вратил.
Полицијата утврдила дека Борисов и Орлов се скарале во градскиот автобус околу отворањето на задната врата. Судирот бил толку жесток, што двајцата мажи се договориле подоцна да се најдат на пусто место и да ја решат работата.
Наместо тепачка се случило убиство, Борисов го убил Орлов со пиштол, го оставил неговото тело покрај пат и побегнал, но полицијата успеала да го уапси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно