Loading Video...
Свет
7. November 2024 - 19:44

Преглед на вестите од светот

Германската владејачка коалиција  се распадна со потегот на канцеларот Олаф Шолц да го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер од редовите на Слободните демократи поради како што рече постојаните несогласувања во трошоците и економските реформи. Слободните демократи возвратија -  се повлекоа од владата оставајќи ги социјадемократите на Шолц и Зелените без парламентарно мнозинство.   Канцелорот  ги објави идните чекори. 

„Во првата недела од парламентарната седница во наредната  година, ќе побарам гласање за доверба на владата  , а  Бундестагот потоа да гласа за тоа на 15 јануари. На тој начин парламентарците можат да одлучат дали сакаат да го отворат патот за предвремени избори. Тие избори потоа би можеле да се одржат најдоцна до крајот на март со почитување на правилата на уставот, порача Олаф Шолц, канцелар на Германија.

Претседателот Штајанмер изајви дека е подготвен  да распише  предвремени избори, но тоа може да го стори само ако владата  изгуби на гласањето за доверба.

- Крај на коалиција не е крај на светот. Тоа е политичка криза која  мораме и ќе ја осставиме зад нас. Но, на нашата земја и требаат стабилно мнозинство и влада способна да преземе акција и тоа ќе биде мојот репер. „Дами и господа, многу луѓе во нашата земја се загрижени за неизвесната политичка ситуација во нашата земја, во Европа и во светот, исто така по изборите во САД. Ова не е време за тактики и измами, туку е време за разум и одговорност, изјави Франк Волтер Штајнамаер, претседател на Германија. 

Датумот за редовни избори е одреден за на есен 2025 година.

Тројца пациенти, кои се здобија со тешки телесни повреди при падот на бетонската настрешница на зградата на железничката станица во Нови Сад, се уште се во животна опасност, соопштија  од Клиничкиот центар Војводина.

Падот на настрешницата беше фатален  за 14 лица. Обвинители и  експерти интензивно  работат на истрагата.  Тие имаат тешка задача да утврдат  како дошло до фаталниот инцидент   изјави српскот премиер Милош Вучевик.

Трагедијата се случи во петокот, на 1 номеври.