Бизнис
7. November 2024 - 16:34

Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ

Намалени проекциите за раст на македонската економија, објави Народната банка. Годинава ќе ја завршиме со 2,3 процентен раст, наспроти очекувањата во април од 2,6. отсто. 

За следната од првичните 3,6, се очекува пораст од 3,3 отсто. Најголема закана за растот се случувањата во германската економија, која од рецесија ќе има стагнација. Инфалцијата забавува, што е сигнал за монетарни олабавувања, вели гувернерката Бежоска. Трошоците за живот оваа година ќе пораснат за 3,5 отсто, а следната 2,5 . Сепак, најавата за повиски плати и пензии, можат да ја подгреат.

„Како ризици и натаму се сметаат цените на примарните производи, коишто се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори, како и домашните политики со кои се влијае врз агрегатната побарувачка во домашната економија“, посочи гувернерката Анита Бежоска, гувернер

Буцетскиот дефицит од 4,9 во следните 2 години ќе се намали на 3 отсто, додека минусот на тековната сметка од 2,1 годинава, следните ќе биде малку повисок. Се очекуваат солидни нето приливи, поддржани од инвестициите и државните задолжувања. 

Банкарскиот сектор е стабилен, кредитирањето ќе расте, со стапки над 7 отсто. Се очекува пораст и на заштедите од домаќинствата и компаниите, вели Бежовска.

За унгараскиот кредит, кој треба да се пласира преку комерцијалните банки, не сакаше да коментира. Затоа што Народната банка не е вклучена во проговорите, ниту пак е надлежна да посредува помеѓу банките и владата.