Пелистер со гол во финишот го совлада Вардар
Фудбалерите на Пелистер со гол во судиското продолжение триумфираа вечерва во Битола во дербито против вечниот ривал Вардар со 1-0 во завршниот натпревар од 13 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Во спектакуларна атмосфера и пред бројна публика на стадионот „Петар Милошевски“, која одамна е раритет на натпреварите во македонското првенство, Пелистер до победата дојде со голот на капитенот Мирко Ивановски во втората минута од судиското продолжение.
Со вечерашниот триумф Пелистер се искачи на седмото место на табелата, а Вардар остана последнопласиран.
Претходно денеска се одиграа пет натпревари од редовното коло: Работнички – Шкендија 0-0, Брера Струмица – Силекс 0-1, Беса – Струга 1-2, Шкупи – Гостивар 0-1 и Воска – Тиквеш 0-0.
Табела: Работнички 25, Шкендија 24, Силекс 24, Гостивар 24, Струга 22, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 15, Беса 12, Воска 11, Тиквеш 9, Вардар 8.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица