Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
Каматата за унгарскиот кредит од 250 милиони евра, наменет за фирмите – ќе ја плати државата. Министерската за финансии вели – за да останат условите исти за компаниите, се договориле со банките , каматата од 3,25% , каде е вклучен и ризикот кој го имаат деловните банки, ја покрива државата. Ова значи дека за фирмите заемот ќе биде без камата, а ако во целост се искористат парите, годишно државата само за камати ќе плаќа по 8 милиони евра. Се уште не е постигнат договор за рочноста на кредитот, бидејќи банките барале да биде до 10 години, а не 15 колку што инсиситира државата
- Ние пробавме да направиме обид со банките, барем да го поделиме тој трошок, но тие сметаат дека ризикот го преземаат, и тоа е така, ризикот го преземаат банките и за сметка на тоа нормално може да се појави некој ризичен кредит, затоа тие инсистираа каматата да ја покриеме комплетно ние и на крајот се согласивме, рече Димитриеска-Кочоска во изјава за медиумите.
Министерката најави дека почетокот на годината ќе се се земат уште 500 милиони евра заем од Унгарија, а останатите 600 милиони, за да се покрие дефицитот, ќе се бараат од домашните банки. Во предлог буџетот за следната година, тој е проектиран на 4% од БДП или 680 милиони евра. Кочовска вели дека апитите на некои министертва за трошење државни пари биле превисоки. . Ако не им се скратело, дефициотот ќе достигнел 13,5% или над 2 милијарди евра.
Во предлог буџетот за следната година, тежок 6,5 милијарди евра , 2,2 милијарди се наменети само за ПИОМ, каде има за исплата на зголемените пензии, плати ,инвалидски пензии и надоместоци за инвалидност . Дополнителни пари има и за згоелмување на платите на админситративците, за социјални трансфери , за вработението во обарзоавнието и здравствоти, ни и за повисоак миниланат плата., која во понеделник ќе се утврдува на социо еконосмиит совет. Според пресметките на финансии од март треба да биде повсиока за 2,000 денари, однсно 24,400 денари.
Предлог буџетот денеска се очекуава да се достави до Собарнието.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар