Еколози и експерти на ОН: Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото
Како особена туристичка атракција езерото претставува и значен извор на приходи, за Северна Македонија и за Албанија што го делат езерото.
Агенциите постсетуваат дека македонската страна на Езерото беше прогласена за Светско наследство на УНЕСКО во 1979 година, додека статусот светско природно наследство албанската страна го стекна во 2019 година.
Во својот извештај за 2024 година објавен порано годинава, УНЕСКО предупреди на неконтролираниот урбанистички на езерскиот брег и прекумерниот туризам. Исто така,експертите на ОН упатија предупредувања до Северна Македонија и до Албанија дека не се спроведени мерки за надминување на постојните закани и спречување на појавата нови.
„Состојбата со заштитата на локалитетот не се подобрува и не се забележува тренд за започнување на враќање на неговиот интегритет,“ стои во соопштението на УНЕСКО.
Биологот Златко Лефков вели состојбата по однос загадувањето „постојано се влошува“ и оти тоа има негативно влијание врз автохтоните видови и биодиверзитетот на езерото.
- „Некои видови кои претходно беа ретки или ги немаше ... сега го заземаат животниот простор на биолошки важните или автохтоните андемски видови,“ вели тој.
Според официјални податоци, пишуваат агецниите, во областите околу езерото вклучувајќи ги градовите Охрид и Струга на македонската страна и Поградец во Албанија, сега живеат околу 170 илјади луѓе, што е заголемување за 56 проценти за последните 50 години.
Локалните субјекти посочуваат на потребата од инвестиции во Колекторскиот систем за собирање и третман на отпадните води изграден во 1980-тите, бидејќи тој повеќе не може да се справи со притисокот што произлегува од големиот број туристи кои го посетуваат езерото како поевтина алтернатива на морето, вели Орхидеа Тасевска, директорката на Хидробиолошкиот институт во Охрид.
- „Постојат предлог-проекти ... но државата мора да најде средства за да ги реализира овие предлози,“ додава таа.
Екологистите, исто така, предупредуваат дека реките кои се вливаат во Езерото Охрид и помалите крајбрежни населби се постојан извор на загадување.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање