Мицкоски го добил писмото од Ахмети
Ахмети бара да интервенирам кај судиите кои тој и СДСМ сами ги избраа. Премиерот потврди дека го добил писмото од лидерот на ДУИ. Рече дека освен геостратешки осврт на состојбите во реигионот, Украина и блискиот исток од Ахмети побарал од него да им пренесе на уставните судии да внимаваат што прават со законот за јазиците
Писмото на Ахмети е на погрешна адреса, се огласи денеска Даниел Сервер, американски експерт за Балканот од универзитетот Џон Хопкинс и чест гостин на настаните што ги организира ДУИ. Тој има разбирање за законот за јазиците но не и за балансерот.
„ Јас не сум љубител на квоти. Но, афирмативната акција со приоритет даден на квалификациите е процес што може да даде разумни резултати. Многу Албанци имаат квалификација што им недостига на повеќето Македонци: ги зборуваат двата јазика. Владата треба да го земе тоа предвид при вработувањата“, пишува меѓу другото Сервер во одговорот на писмото на Ахмети
Дека не се нарушени правата на Албанците сметаат и во коалицијата Вреди. Ахмети нека пишува писма, а ние ќе работи, вели тетовскиот градоначалник
Со или без писмото на лидерот на ДУИ, премиерот останува незадоволен од перформансите на правосудниот систем. Вели дека воопшто не сака да разговара со судиите виновни за нискиот рејтинг на судството и најавува реформи.
Ахмети минатата недела испрати писмо до повеќе меѓународни претставници и шефови на држави во кое изразува загриженост за политичките случувања во Македонија кои констатира дека ги влошуваат меѓуетничките односи. Писмото доаѓа како продолжение на политичките активности кои ДУИ ги презема откако ја загуби власта на последните избори.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар