Македонија
28. October 2024 - 12:20

Македонија треба да го развива гастро туризмот

Македонија треба да го развива гастро туризмот како дел од понудата.

Старите традиционални рецепти се покажаа како магнет за туристите, кои трагајќи по нови вкусови одбираат неоткриени гастрономски дестинации. Потребно е да се работи на креирање на гастрономска приказна раскажана на модерен начин со производи подготвени по традиционалните вековни рецепти специфични за секој реон.

Со брендирањето на македонските производи, и вкусните готвени специјалитети ќе се гради препознатлива гастро дестинација.

Според последните истражувања во светот тренд е развојот на гастрономски туризам туристите сакаат да се запознаат со кујните на секоја туристичка дестинација.