ДУИ од утре на средби со граѓани
ДУИ утре од Липково ги стартува теренските активности како начин да го изрази незадоволството што веќе 4 месеци е во опозиција.
Ваква одлука донело партиското центрано претседателство на вчерашната седница во Мала Речица
Централното претседателство на ДУИ ја прифати иницијативата на своите ограноци за одржување на состаноци на ограноците со отворен карактер, со присуство на народ, со присуство на граѓани, на кои ќе учествува и највисокото раководство на ДУИ. Средбите со ограноците со народот почнуваат од среда, каде што првата средба ќе се одржи во Липково во 19 часот, а потоа продолжуваат со втората средба што ќе се одржи во Сарај – се вели во соопштението на ДУИ
Наместо протести, одат на средби со граѓани бидејќи во овој период од годината, надвор е студено, се шегуваше денеска Министерот за здравство и еден од предводниците на коалицијата Вреди
Само што заминаа во опозиција, интегративците почнаа да тврдат дека актуелната Влада нема етнички легитмитет, што според нив ги нарушило меѓуетничките односи во земјава. Побараа ветинг, проверка на потекло на имот и истраги на сите политички партии, реформи кои не успеаја да ги спроведат за повеќе од 20 години власт.
-
Алексадар Спасовски
Сите содржини од овој новинар