ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС, АНБ стана партиски штаб, партијата послабо да пие од апчињата за заборавање
СДС применува нов феномен на политичката сцена, а тоа мора да е интензивно пиење на апчињата за заборавање.
Па така, Виктор Димовски кој беше член на Извршниот одбор на СДС и член на партиското дипломатско тело, тој беше и раководен кадар во АНБ.
Да не се заборави ниту улогата на Еролд Муслиу кој зема активно учество во кампањата на СДС, која партијата катастрофално ја загуби и за време на која Муслиу како партиски портпарол, но во исто време и прв разузнавач, креираше лажни документи, кодошеше и манипулираше при доделувањето на безбедносните сертификати и редица други злоупотреби.
Да не заборавиме ниту на улогата на семејството Ременски, која е пример за тоа како брачен пар ја злоупотребува политичката моќ за партиски цели.
Воедно, да не се заборави ниту функцијата на доскорешниот Генерален директор на СДС, Миле Зечевиќ кој се само нарекуваше Вардарски, кој беше поранешен директор на УБК. Значи, Генералниот секретар на СДС контролирал и бил прв човек на разузнавачките служби.
Ја молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање. Ако тие забораваат, Македонија памети.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито