-->
-->
Шкеднија славеше победа во дуелот со Младост
-->
Фудбалерите на Шкендија се радуваа на победа во дуелот против Младост Царев Двор, во мечот со кој беше комплетирано 21.коло во Првата македонска лига.
Средбата која пред два дена беше прекината во 66-минута, поради немање услови на скопскиот стадион во Чаир, по обилните врнежи од дожд, попледнево се одигра на Градскиот стадион во Велес, каде Шкендија со головите на Бесар Ибраими во 25-минута и Стенио Жуниор во 57-та ја победија екипата на Младост Ц.Д. со 2:0.
Со новите три бода, тетовската екипа се врати на пет негартива во однос на лидерот Вардар кој вчера убедливо со 4:0 ја победи Брегалница.
На останатите натпревари од ова коло кои беа одиграни во неделата, беа постигнати овие резултати: Силекс – Металург 3:0, Работнички – Шкупи 1:1 и Ренова - Хоризонт Турново 1:1.
Табела: Вардар 52 бодови, Шкендија 47, Силекс 33, Работнички 31, Шкупи 31, Ренова 21, Хоризонт Турново 21, Брегалница 20, Младост 16, Металург 13.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час