Во БИХ пронајдено телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите
Уште едно безживотно тело е пронајдено во реонот на градот Коњиц. Ова е последното лице по кое се трагаше по катастрофалните поплави кои зафатија неколку градови во Босна и Херцеговина, со што заврши потрагата во сите градови.
„Моите колеги штотуку ме информираа дека едно лице е пронајдено во областа Коњиц, со што е завршена потрагата по исчезнатите“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита.
Вкупно пет лица го загубија животот во областа Коњиц. Телото пронајдено денеска е на машко лице, чија сопруга исто така беше пронајдена мртва пред неколку дена. Во Јабланица вчера се одржа колективна погребна молитва за 19 жртви од поплавите на подрачјето на Долна Јабланица.
Вкупно 27 лица загинаа во свлечиштата и поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина на почетокот на месецот, 19 во областа Јабланица, пет во Коњиц и уште три во Фојница.
Ново на Сител
-
31-годишник од Берово пријавил дека бил физички нападнат од едно лице во општина Аеродром во Скопје
-
75-годишен скопјанец пријавил дека неговите три внуки се оддалечиле од семејниот дом
-
Со трактор насилно влегол во шумски склад и оштетил возило, уапсен 43-годишник од струмичко
-
Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила
-
Приведен 49-годишник на ГП Долно Блаце, управувал со автомобил „ауди“ кое било барано од Интерпол
-
Малолетник нападнат од две лица во градски автобус на подрачјето на Бит Пазар во Скопје
-
Сиљановска-Давкова се сретна со победниците на „First Lego League Challenge”
-
МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово