Македонија
15. October 2024 - 19:52

Во клиниката Жан Митрев отворен центар за мајка и бебе – родилиште според највисоките стандарди

Од бременост до бебе и грижа и нега за новороденчето и родилката на едно место нуди новоотворениот Центар за мајка и бебе во Клиниката Жан Митрев. Истиот е најсовремено опремен според светски протоколи, а во него ќе работи мултидисциплинарнен тим од млади, но и искусни лекари, сестри  и друг кадар.

-Посебно ми е задоволство што успеавме да направиме симбиоза помеѓу младите и искусни доктори. И на тој начин направивме една солидна екипа со која ќе можеме како и во сите области во кои сме застапени да исчекориме и во тој дел напред и да ги поставиме темелите во однос породилното и гинекологијата воошто, изјави Академик д-р Жан Митрев, сопственик на Клиниката Жан Митрев.

-Располагаме со најсовремена технологија и апаратура за третман и на бремените жени и новородените, изјави прим. д-р Љупчо Петровски, гинеколог акушер и субспецијалист перинатолог.

-Лекарот во кого е стекната доверба пред породувањето, односно оној кој ја водел бременоста, ќе биде сигурно достапен, односно присутен на самиот чин на раѓање, рече д-р Ненад Лазаров, специјалист гинеколог акушер.

-Се надевам дека грижата и негата за мајката и бебето ќе биде одлична како и досега што била, но уште повњеќе со овие технологии и овој тим, рече прим. д-р Весна Деловска Стојковска, педијатар - неонатолог.

Центарот се простира на површина од 800 метри квадратни, има родилни и операциони сали, апартмани, инкубатори, ординации за прегледи. Целокупната инвестиција чини 5 милиони евра.