Македонија
15. October 2024 - 12:29

Конгресниот туризам ја продолжува сезоната

Конгресите и семинарите бележат раст.

Конгресите и семинарите во овој период од годината ја продолжуваат сезоната во двата крајезерски града. Со развојот на конгресниот туризам кој оди во нагорна линија таа трае се до октомври, а ако се погодни временските услови и до ноември.

Според хотелиерите овој период има солидна исполнетост на туристи но потребно е да се  инвестира во обнова на објектите и внесување новитети долж езерото.

Хотелиерите тврдат дека само на ваков начин можеме да имаме туризам во текот на целата година .Покрај капење и сончање во лето Охрид и Струга имаат што да понудат ,потребна е само добра стратегија и визија за продолжување на сезоната.