Бајден го предупреди Иран дека обидот за убиство на Трамп би бил чин на војна

Американскиот претседател Џо Бајден „тивко“ го задолжи својот Совет за национална безбедност (НСЦ) да го предупреди Иран дека САД ќе го сметаат секој обид за атентат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како чин на војна, се вели во извештај на Вашингтон пост.
Зад сцената, администрацијата на претседателот Бајден и потпретседателката Камала Харис, наводно, вршеле притисок врз Иран да ги прекине заговорите против Трамп и другите поранешни членови на неговата администрација во услови на зголемени безбедносни закани од Иран, објави весникот.
„Сметаме дека ова е прашање на националната и домашната безбедност од највисок приоритет и силно го осудуваме Иран за овие дрски закани“, се вели во соопштението на портпаролот на НСЦ, Шон Савет.
Според него, доколку Иран нападне некој од американските граѓани, вклучително и оние кои продолжуваат да им служат на САД или оние кои служеле во минатото, ќе се соочат со тешки последици.
Белата куќа се воздржа јавно да го предупреди Иран дека обидите за убиство на сегашни или поранешни американски функционери ќе се сметаат за чин на војна, но Бајден (81) му рекол на НСЦ дека тоа ќе им го соопшти приватно, пишува Вашингтон пост.
Ново на Сител
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
