Македонија
13. October 2024 - 11:35

Загина велосипедист во Гостивар

Загина велосипедист во Гостивар по удар од товарно возило „ман“.

- На 12.10.2024 во 16.55 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Гостивар, удрило во велосипед „конект“ управуван од С.И.(71) од Гостивар, соопшти МВР.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на велосипедот С.И., а лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.