Македонија
9. October 2024 - 16:33

ДУИ: Последици и незадоволство по укинувањето на балансерот

ДУИ најавува последици и незадоволство кај граѓаните по одлуката на Уставниот суд да го укине балансерот. Според нив, тоа е веќе стекнато право кое се потпирало на Охридскиот рамковен договор.

Во коалицијата Вреди веќе најавија дека по укинувањето на балансерот ќе се влезе во процес кој ќе резултира со нов закон кој ќе обезбеди правична застапеност на малцинствата во јавниот сектор. И во Владата се на ставот дека со или без балансер, правична застаност на сите заедници мора да има

Укинувањето на балансерот стана тема на македонската политичка сцена веднаш по промената на власта бидејќи токму тогаш Уставен се реши по сопствена иницијатива да одлучува по него, откако претходно истата алатка долги години беше во функција.