Loading Video...
Свет
4. October 2024 - 12:13

Преглед на вестите од светот

Најмалку 18 загинати во израелски воздушен напад на западниот брег, Израел тврди дека е убиен шеф на Хамас.

Според утринските информации огромни експлозии го потресоа небото во близина на главниот аеродром во Бејрут во раните утрински часови во петокот, неколку минути по слетувањето на авиокомпанијата на Блискиот Исток, кој летал од Дубаи. Експлозии се слушале во близина на аеродоромот и по слетувањето на авион од Париз во вечерните часови. 

Чад беше забележан и над предградијата на Бејрут во близина на аеродромот рано утрово. Израелската армија (ИДФ) синоќа изврши 11 напади врз јужното предградие на главниот град на Либан, Бејрут, што е бастион на Хезболах. Либанските жители изјавија дека живеат во постојан страв по израелските воздушни напади над Бејрут во ноќните часови, несигурни дали ќе бидат погодени од следните напади.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека до денеска загинале 37 лица, а 151 биле ранети.

Повеќе од 1,2 милиони Либанци се раселени поради израелските напади, а речиси 2.000 луѓе се убиени од почетокот на израелските напади врз Либан во текот на минатата година. 
Сирените се слушаат и во Израел за времена  ракетен напад врз градот Хаифа. Две лица во Тел Авив биле полесно повредени од шрапнели откако била оштетена зграда во северниот дел на градот, од нападите во вторникот. 

Русија вчера презеде контрола над еден стратешки град во регионот на Доњецк. Руските вооружени сили ја презедоа контролата врз градот Угледар соопшти руското Министерство за одбрана. Градот се смета за стратешки важен и за руските и за украинските сили поради неговата позиција и локација на пресекот на источниот и јужниот фронт, што го прави значаен за линиите за снабдување од двете страни. Покрај тоа, тие соборија 144 украински беспилотни летала.

Ситуацијата на фронтот и понатаму е сериозна, особено во правците на Покровск и Курахове, велат од Генералштабот на украинските вооружени сили. Украинската армија успешно одбила 18 од 20 руски офанзиви во областа Покровска. 

Предупредување за воздушен напад беше издадено двапати во главниот град на Украина, Киев вчера кога шефот на НАТО Марк Руте пристигна на својата прва официјална посета откако стана генерален секретар на алијансата. Тој беше заедно со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, во посета на меморијалниот ѕид во катедралата Свети Михаил, за да одадат почит на загинатите украински војници. Руте имаше и заеднички прес со  украинскиот претседател Володимир Зеленски на која шефот на НАТО го повтори ветувањето на Алијансата дека Украина еден ден ќе биде членка на НАТО.