Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен

Марк Чавез, eден од двајцата лекари oд Kалифорниja, кои се меѓу петте лица обвинети за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен по обвиненијата за нелегална дистрибуција на „Кетамин“, пренесува „Њујорк дејли њуз“.
На д-р Чавез му се заканува казна затвор до 10 години доколку биде осуден. Другиот лекар обвинет во случајот, Салвадор Пласенсија се изјасни за невин, како и Џезвин Санга, која од обвинителите е наречена дилерка и „Кралица на Кетаминот“. И двајцата одат на судење в март.
Личниот асистент на Пери, Кенет Ивамаса кој призна дека му го вбризгал лекот, и посредникот кој рече дека го набавил кетаминот од Санга, веќе претходно се изјаснија за виновни.
Обвинителите рекоа дека Пласенсија купувал „Кетамин“ од Чавез. Во пораките до снабдувачот, д-р Пласенсија пишува: „Се прашувам колку ќе плати овој морон“, според наводите. Пласенсија, се чини, му го давал лекот на Пери.
Мет Бинингер, бранителот на д-р Чавез, изјави дека неговиот клиент „многу се кае“ за последиците. Адвокатот додаде дека жалењето на Чавез не е поради тоа што Пери бил славна личност, туку зашто човек починал обидувајќи се да се излечи.
Метју Пери почина на 54-годишна возраст, во октомври 2023 година од „Кетамин“ и други фактори поради коишто се онесвестил и се удави во својот базен, според извештајот од обдукцијата од декември 2023 година. Глумецот од „Пријатели“ со години ја брануваше јавноста со својата зависност од лекови.
Ново на Сител
-

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
-

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
