Нова енергетска криза – Македонија нема да остане изолирана
На повидок е нова енергетска криза од која Македонија нема да остане изолирана. Состојбата во Украина и разгорувањето на конфликтите на Блискиот Исток, ги кренаа цените на суровата нафта. Добрите познавачи анализираат дека доколку ескалираат геополитичките тензии цените може да се соочат со дополнителен нагорен притисок кој ќе го зафати и нашиот регион.
Од 1 јануари ќе се знае дали во Македонија ќе има покачување на електричната енергија. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека следната недела во координација со ЕСМ ќе се прави планот за набака на јеглен и колку енергија недостасува.
Професорската фела смета дека потребна е рехабилитација на хидроцентралите, резервите на јаглен се мали така што неопходно е да се направи баланс на базната енергија. Според нив нашата земја мора да се соочи со реалноста и да одговори на предизвиците.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар