Израел се подготвува за инвазија во Либан
СИТУАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК СЕ ВЖЕШТУВА. ИЗАРЕЛ Е ПОДГОТВЕН ЗА КОПНЕНА ОФАНЗИВА ВО ЛИБАН, ВОЈНИЦИ И ТЕНКОВИ СЕ РАСПОРЕДНИ ВО БЛИЗИНА НА ГРАНИЦАТА. УДАРИТЕ ОД ВОЗДУХ ВРЗ ПОЗИЦИИ НА ЛИБАНСКАТА МИЛИТАНТН А ГРУПА ХЕЗБОЛАХ ПРОДОЛЖУВААТ. СИНОКА ВО БЕЈРУТ, УБИЕН УШТЕ ЕДЕН КЛУЧЕН ФУНКЦИОНЕР НА ХЕЗБОЛАХ, НАБИЛ КАУК , ПО САМО ЕДЕН ДЕН ОТКАКО ИЗРАЕЛСКААТ АРМИЈА ГО ЛИКВИДИРА ПРВИОТ ЧОВЕК НА ГРУПАТА , ХАСАН НАСРАЛА. ИЗРАЕЛ ГИ ПРОДОЛЖУВА И ВОЕНИТЕ ДЕЈСТВИЈА ПРОТИВ ХАМАС ВО ПОЈАСОТ ГАЗА .
„ГРАЃАНИ НА ИЗРАЕЛ, ОВА СЕ ЗНАЧАЈНИ ДЕНОВИ. НИЕ СМЕ НА ОНА ШТО ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ИСТОРИСКА ПРЕСВРТНИЦА. ПРЕД ЕДНА ГОДИНА, НА 7 ОКТОМВРИ, НАШИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НЕ НАПАДНАА И МИСЛЕА ДЕКА ИЗРАЕЛ Е НА ПАТ ДА БИДЕ УНИШТЕН. ЕДНА ГОДИНА ПОДОЦНА, УДАР ПО УДАР, ДОСТИГНУВАЊЕ ПО ДОСТИГНУВАЊЕ, ТИЕ РАЗБИРААТ КАКО НИВНИТЕ НАДЕЖИ СЕ РАСИПАЛЕ .НИЕ ПОБЕДУВАМЕ ПОРАЧА БЕНЈАМИН НЕТЊАХУ, ПРЕМЕИР НА ИЗРАЕЛ .
ИРАН КОЈ ГИ ВООРУЖУВА И ФИНАНСИСА ХЕЗБОЛАХ И ХАМАС СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ИЗРАЕЛСКИТЕ АКЦИИ ВО ЛИБАН И ГАЗА НЕМА ДА ПОМИНАТ БЕЗ ОДГОВОР.
-СО ОНА ШТО ГО НАПРАВИЈА, ЦИОНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ (ИЗРАЕЛ) ДЕФИНИТИВНО НЕМА ДА ИМА ИДНИНА ВО РЕГИОНОТ, ВО ГАЗА, А ПОТОА И ВО ЛИБАН, И ТОА НЕМА ДА ДОВЕДЕ ДО МИР НА КОЈ БИЛО НАЧИН. А ПРИРОДНИОТ РЕЗУЛТАТ ОД ОНА ШТО ГО НАПРАВИЈА БЕШЕ ДА ГО ЗАБРЗА ПАДОТ НА ЦИОНИСТИЧКИОТ РЕЖИМ“-ПОРАЧА ИРАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ АБАС АРАКЧИ
СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ГИ ПОВИКА СВОИТЕ ДРЖАВЈАНИ ДА ЗАМИНАТ ОД ЛИБАН, ПРЕДУПРЕДУВАЈЌИ ДЕКА СЕГАШНИТЕ ОГРАНИЧЕНИ ОПЦИИ ЗА НАПУШТАЊЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА СТАНАТ НЕДОСТАПНИ ДОКОЛКУ БЕЗБЕДНОСНАТА СИТУАЦИЈА СЕ ВЛОШИ. ИНАКУ СЕУШТЕ НЕ Е ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ЛИДЕР НА ХЕЗБОЛАХ. КАКО МОЖЕН НОВ ВОДАЧ НА ГРУПАТА СЕ СПОМЕНУВА ХАШЕМ САФИ ЕЛ-ДИН, БРАТУЧЕД НА НАСРАЛА, КОЈ АМЕРИКАНСКИОТ СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ ВО 2017 ГОДИНА ГО ПРОГЛАСИ ЗА ТЕРОРИСТ.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар