Трамп, сепак, ќе се сретне со Зеленски во Њујорк
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека денеска во Њујорк ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој им рече на новинарите дека ќе се сретне со Зеленски во кулата Трамп на 5-та авенија на Менхетен.
Зеленски, кој вчера се сретна со американскиот претседател Џо Бајден и со американскиот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис, го продолжи престојот во САД за да се сретне со ТрампТрамп минатата недела рече дека „веројатно“ ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД.
Сепак, официјален претставник од изборниот штаб на Трамп во вторникот за Политико потврди дека средбата не е закажана.
Украинскиот лидер го налути Трамп со посетата на фабрика за муниција во Скрентон, во клучната држава Пенсилванија, во неделата.
За време на митингот во Пенсилванија во понеделникот, Трамп го обвини Зеленски дека сака Харис да победи на изборите и го опиша како „најголемиот продавач во историјата“.
Ново на Сител
-
Анкета: Граѓаните ги поддржуваат владините мерки
-
Врие од корупција во јавните набавки, покажа истражувањето на ЦГК
-
Тошковски: Има обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, МВР жестоко ќе одговори
-
Рибар извлекол седум тромблонски мини од Вардар
-
Времето сончево но постудено, ќе дува ветер до 70км/ч
-
Меџити за првите 100 дена Влада: Се соочивме со деструктивна опозиција
-
Граделе бесправно, поднесено обвинение против двајца охриѓани
-
Што не треба да се јаде пред спиење - ова се најштетните закуски