Иљази исплаќала пари на лица што не работеле на Токсикологија - поднесено обвинение

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифатило иницијативата, оформило предмет и отпочнало постапка по обвинителен предлог против организацискиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија.
Согласно Обвинителниот предлог, се појаснува во соопштението, обвинетата е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата, согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик. Директорката, во текот на мај 2024 година, во својство на Организациски директор на Клиниката, со здравствените работници потпишала договори за дело спротивно на Законот за здравствена заштита, со кои дејствија ги пречекорила своите службени овластувања и прибавила противправна имотна корист за наведените лица, а со тоа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.
- Овој чекор претставува потврда на заложбите на ДКСК за борба против корупцијата и утврдување на одговорноста на сите лица кои се инволвирани во прекршување на законите. ДКСК ќе продолжи да го следи развојот на овој случај и јавноста ќе биде информирана за сите значајни информации. Придржувањето кон принципите на отчетност и транспарентност останува наш приоритет, а нашата цел е да се осигураме дека неправдите не поминуваат без соодветна реакција, соопштија од ДКСК
Апелираат до сите институции и граѓани да соработуваат во откривањето и спречувањето на корупцијата, за заедно да создадеме праведна иднина.
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
