Македонија
24. September 2024 - 16:33

Дрвокрадци пустошат преку 30 000 кубни метра дрва годишно, институциите молчат

200 кривични пријави само во една година  за дрвокрадци но ниту една со завршница. Се пустошат македонските шуми а институциите немо набљудуваат. Нелегална сеча на дрва зема се повеќе замав а експертите ќе речат дека овој нелегален бизнис станува поактуелен и од препродавањето на дрога. Покрај овие податоци, истражувањето кое го  спроведе РЕФОРД покажува дека граѓаните немаат  доверба во институциите .

Надлежните со образложение дека има пропусти во актуелната регулатива и затоа сите овие кривични завршуваат во корист на дрвокрадците.

Истражувањето е направено во 8 општини од сите плански региони во државата а анкетирани се онлајн и теренски а биле опфатени 500 испитаници корисници на огревно дрво, сопственици на приватна шума  и дрвопреработувачи.