Балкан
21. September 2024 - 19:36

Нови детали од тешката сообраќајна несреќа во Србија - Загина петчленото семејство

Петчлено семејство погина во судир на автомобил и воено возило на патот Краљево-Рашка.

Жртви се три деца, и нивните родители.

При извршување на редовните задачи, борбеното возило на српската армија „ПАСАРС“ се судрило со цивилно возило во близина на градот Ушќе, соопшти Министерството за одбрана.

Несреќата се случила во 13 часот и 10 минути.

Борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција.