Македонија
14. September 2024 - 16:32

Долорес Лео Поповиќ добитник на наградата Ристо Шишков

Долорес Лео Поповиќ победи на 32 то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков. Единствената награда на фестивалот што се доделува за високо актерско остварување ја доби за улогата на Ања во претставата ,, Кенди,,  според романот на Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска работена во рамки на независната продукција Златен Елец од Скопје.  Во одлуката на жири комисијата стои дека преку еден ненападен, суптилен актерски јазик Поповиќ има создадено автентичен моќен лик .

За најдоброто актерско остварување и оваа година беше обезбеден традиционалниот златен медаљон со ликот на Ристо Шишков и паричен износ од 1500 евра. Годинава за време на шесте фестивалски денови беа одиграни 8 претстави од Македонија и соседна Бугарија со околу 45 актерски остварувања.