Бајден: Не мислам многу на заканите од Путин, тој нема да победи во Украина
Американскиот претседател Џо Бајден на состанокот со британскиот премиер Кир Стармер во Белата куќа рече дека не мисли многу на заканите од рускиот претседател Владимир Путин за војна со НАТО ако западните сојузници и дозволат на Украина да гаѓа цели длабоко во внатрешноста на Русија, пренесува ДПА.
Стармер изјави дека следните недели и месеци ќе бидат „одлучувачки“ за Украина и рече дека е „од витално значење“ двете земји да продолжат да поддржуваат да го поддржуваат Киев во борбата против Москва.
Состанокот Буш – Страмер се случува во момент кога украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изрази својата фрустрација поради континуираните ограничувања за употребата на западното оружје против руски цели.
Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ако на Украина и биде дозволено да нападне со оружје со долг дострел, тоа „би значело дека земјите на НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија […] а ако е така, тогаш, имајќи ја предвид промената на самата суштина на конфликтот, Москва ќе донесе соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе се создадат“.
На прашањето што мисли за заканата од Путин од војна, Бајден одговори: „Не се согласувам: не мислам многу на Владимир Путин. Путин нема да победи во оваа војна“.
Бајден му се заблагодари на Стармер за неговото „лидерство“ и за британската поддршка на Украина.
Ново на Сител
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан
-
Би-Би-Си: Сателитски снимки покажуваат санација на штетата во иранскиот нуклеарен погон Фордо
-
Фон дер Лајен: Договоривме „Компромис од Севиља“ за затворање на јазот во финансирањето на развојот
-
Кривични за директорот на „Национален парк Маврово“ и вработен во Министерство за шумарство
-
Три насилници, меѓу кои и еден малолетен, претепале стружанец во Старата чаршија