57,5 милиони луѓе ја следеле дебатата меѓу Харис и Трамп
Претседателската дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлече 57,5 милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, покажуваат прелиминарните податоци на агенцијата „Нилсен“ објавени доцна синоќа.
Дебатата што се одржа завчеравечер беше прва тет-а- тет средба на кандидатите за претседателските избори на 5 ноември.
Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.
По лошиот настап во оваа дебата, Бајден се повлече од изборната трка. Бројките за гледаност на „Нилсен“ не ги вклучуваат луѓето кои ја следеле дебатата онлајн и низ баровите и рестораните.
Конечните податоци што ќе ги вклучи и овие бројки ќе бидат објавени подоцна.
Рекордна гледаност досега е забележена во претседателската дебата во 2016 година, кога 84 милиони луѓе го следеа дуелот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали
-
Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
-
Германија финансира дронови за Украина
-
Зеленски одликува 226 украински војници
-
ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи
-
Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина
-
Повредени две лица во сообраќајка во Куманово