Македонија
11. September 2024 - 16:36

Мицкоски: Ќе почекаме политичка влада во Бугарија, македонските ставови се јасни

Владиниот план за откочување на македонските интеграции на 19 месецов во Брисел ќе го слушнат европските челници. Уставни измени со одложено дејство е решението кое ќе го презентира премиерот. Мицкоски ќе чека формирање на стабилна бугарска влада па дури потоа најавува обновување на разговорите.

- Сега е период кога апсолутно ништо не може да се случи во тој процес, бидејќи како што знаете имаме период кога во Бугарија ќе се случуваат нови седми по ред, во последните три години предвремени Парламентарни избори. Да почекаме да се случи таму политичка Влада, за да видиме дали постои желба за дијалог. Ние сме подготвени да разговараме, сакаме да разговараме и тоа го пренесуваме на нашите соговорници, кои доаѓаат од Брисел. Инаку што се однесува до нашите предлози, тие во јавноста се познати, коментирани многу пати до сега, изјави Мицкоски.

Неодамна премиерот порача дека ваквата идеја за уставни измени со одложено дејство ја слушнале дел од европските функционери, на средбите кои ги имаат во последните два месеца.

Во меѓувреме и владата го промени составот на македонскиот тим од историската комисија. На чело на комисијата е враќа професорот од Институтот за историја Ванчо Ѓорѓиев, кој еднаш ја напушти комисијата со обвинувања дека се вршат политички притисоци во носењето на одлуките со бугарската страна.

А во петок  во Софија ќе се случи и првата сребата на претседателката Силјановска Давкова со бугарскиот колега Радев. Сигурно е дека заеднички од свечената ложа ќе ја следат изведбата поставката Набуко од страна на Македонската опера и балет. Но се уште се договара форматот на официјалните средби. Во делегацијата заедно со претседателката ќе бидат и министрите за надворешни работи и култура Муцунски и Љутков.