Македонија
4. September 2024 - 12:16

Високите температури ја влошија состојбата со Преспанското Езеро

Преспанското езеро пред исчезнување .Екстремно високите температури ова лето дополнително ја влошија состојбата. Водата се повлекува од сушата како резултат на климатските промени кои го земаат својот данок, но езерото е намалено и од експлоатација на водата, главно од страна на земјоделските домаќинства во целиот Преспански регион.

Лоша е состојбата и со Охридското езеро според еколозите од постојаните осцилациии, драстичното намалување или покачување на водостојот непроценливи се штетите, особено во крајбрежниот појас.

Намалувањето на количината на водата, проследено со интензивно загадување, е огромен проблем за живиот свет, особено за ендемичните видови.