Македонија
3. September 2024 - 16:35

Владата ги ограничи маржите на училишниот прибор

Владата ги ограничи маржите за трговците со училишни  материјали. 5% на големо и 10% на мало е максимумот до кој трговците може да одат во однос на цената по која го набавиле производот. Одлуката е донесена на денешната седница и како што велат од Владата, стапува на сила веднаш

Премиерот вели дека мерката не е задоцнета бидејќи со стартот на учебната година Владата увидела дека трговците ги покачиле цените.

Мицкоски потенцираше дека ограничување на маржи и замрзнување на цени не се политики кои ги преферира неговата Влада, но односот на трговците и интересот на граѓаните го натерале да повлече такви чекори.