Македонија
30. August 2024 - 16:37

Субвенции за занаетчиите – 40% од трошоците, до 200 илјади денари

Ќе се помагаат занаетчиите и занаетчиството како едно од главните економски гранки во минатото.Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари за барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ. Во насока на развој и поддршка на занаетчиството како што потенцираше заменик министерот Ристески од Охрид крајниот рок за аплицирање за субвенции е 1 октомври.

Од регионаланата занаетчиска комора на став дека занаетчиството е во изумирање и треба да се  преземат мерки за негово спречување .

Според статистиката за јавните повици за кофинансирање на занаетчиите  во 2023 имало само еден пријавен занаетчија, во 2022 ниту еден ,додека во 2021 тројца занаетчии . Заменик министерот Ристевски денеска оствари средба и со хотелиерите на која му беа посочени проблемите со кои се  соочуваат околу недостигот на работната сила,инфраструктурата и категоризацијата на капацитетите.