Македонија
28. August 2024 - 12:22

Се работи за создавање услови за едносменско учење

Од септември едносменска настава со продолжен престој ќе има само во дел од охридските училишта. Прва смена ќе следат учениците каде постојат услови и тоа поголем дел во основните околу десетина   на број каде вo некои од нив веќе иститот нaчин на учење функционира, додека во однос на средните само во охридската Гимназија ќе има настава во прва смена како што и беше неодамна најавено, а останатите  три средни училишта ќе одржуваат настава во две смени.

Од општина Охрид најавија дека во иднина, ќе се работи на создавање услови за едносменско работење, зависно од можностите и во останатите училишта.

Со едносменската настава која опфаќа дополнителни наставни и воннаставни активности кои во светот се покажале корисни според локалната ќе имаме пофункционално образование но и заштеда на енергетските ресурси.